Израел е близу до постигнување колективен имунитет на ковид-19

Сподели

 

Професор Ејал Лешем, директор на Медицинскиот центар „Шеба“, најголемата болница во Израел, е уверен дека земјата е близу до постигнување на колективен имунитет на новиот корона вирус, известува Би-Би-Си. Професорот го поткрепува своето тврдење со фактот дека и покрај тоа што рестриктивните мерки се олабавуваат, бројот на нови случаи во Израел и понатаму паѓа.

Тоа значи дека доволен дел од населението има заштита од заразување, со што се спречува ширење на вирусот, па и луѓе што немаат имунитет уживаат индиректна заштита. Во однос на ковид-19 се смета дека прагот за колективен имунитет е најмалку 65-70 отсто.

„Има постојан пад, и покрај враќањето речиси во нормала. Ова ни вели дека дури и некој да е инфициран, најголемиот број на луѓето што ќе се разминат со него, нема да ја префатат заразата“, вели Лешем.

Но, научници во Обединетото Кралство (ОК) се резервирани во однос на таквите тврдења. Д-р Сара Пит, виролог од универзитетот Брајтон за Би-Би-Си вели дека треба да се пристапува крајно внимателно кон тврдењата дека е постигнат колективен имунитет и оти според неа такво нешто тешко се постигнува дури и при висок опфат на вакцинацијата.

„Рано е да се зборува, треба да се види дали бројката случаи во Израел ќе продолжи да паѓа или ќе остане на ниско ниво“, вели Пит.

Во Израел повеќе од половина од населението (кое брои 5,3 милиони) е вакцинирано а уште 830.000 биле позитивни на вирусот во некој миг во минатото, што би требало да им обезбеди природен заштита.

BBC