Американскиот Стејт Департмент објави дека на црната листа на САД се ставени поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и актуелниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски, кој се кандидира и ќе учествува во Претседателските избори 2024.
- Јанева беше вмешана во коруптивни дела, вклучително и користење на нејзиното политичко влијание и службена моќ за лична корист,истакна Метју Милер, портпаролот на Стејт департментот.
- Јакимовски, како градоначалник на општина беше вмешан во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање и попречување во урбаното планирање и развој и процесите на набавки во корист на себе и на неговите соработници, истакна Милер на прес конференцијата кога ја објави одлуката.
Одлуката е да им се забрани влез во САД, покрај на назначените и на семејствата на Јакимовски и Јанева.
– Овие назначувања ја потврдуваат посветеноста на САД за поддршка на владеењето на правото и зајакнување на демократските институции на целиот Балкан, стои во соопштението на Стејт Департментот.
„Како поинаку да го сфатиме овој акт на насилство, ако не како директно мешање во изборниот процес, што е казниво и кривично дело. Ова е мешање на странски разнувавчки служби во изборот на претседател на државата, изјави Јакимовски по одлуката на Стејт Департментот.
Јавно кажувам дека ќе поднесам кривична пријава против Н.Н. сторител. Мора да се утврди кој од овде ја направи оваа нечесна работа,“ истакна Јакимосвки на прес-конференцијата, која беше закажана по информацијата дека САД ги ставиле него и Катица Јанева на „Црната листа“.
Според него, САД се стратешки партнер на земјава, „но, нашите интереси се едно, а нивните друго“.
„Ова е кукавички чин на оние што го губат тлото под нозете, а помош не можат да добијат од граѓаните, па бараат американска поддршка. Јас сум единствениот кандидат кој вели: „Членството во НАТО многу скапо го плативме, со промена на името и мора да го искористиме за наши проблеми, дури да се искористи и вето кога имаме некои проблеми, како сега со Бугарите. Јас сум единствениот политичар во земјава кој вели: „Да за во ЕУ, но до кога? Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ, треба да им кажеме на граѓаните што понатаму. Јас сум единствениот кандидат кој не е поддржан од Сорос, а граѓаните треба да одлучат дали Сорос ќе ни бира претседател на државата. Од изборната кампања ни случајно нема да се откажам. Ова е само доказ дека моите политики се исправни и дополнителен мотив да продолжам понатаму,“ нагласи Јакимовски.