Јане Велковски на Светскиот ден на детето во ОН во Њујорк (ВИДЕО)

Сподели

 

По повод Светскиот ден на детето, Јане Велковски се обрати на глобалниот самит на УНИЦЕФ во Обединетите нации во Њујорк.

-“Моите родители уште како мал ме учеа дека можам да правам се што прават другите, но на поинаков начин. Како што растев тоа стана мое правило. Да правам сѐ што сакам и да уживам во животот. Мојата најголема страст е фудбалот. Тој ми дава сила, енергија и ме прави среќен. Фудбалот ме поврзува со многу славни личности и ме прави голем борец за еднаквост во спортот. Верувам дека секој на светот може да игра фудбал, без разлика како. Важно е да се биде еднаков и има респект. Јас се сметам себе си еднаков со другите и така треба сите да се однесуваат. Но, не е лесно кога користиш инвалидска количка бидејќи има многу пречки на патот. Не ми смета мојата попреченост, туку ми сметаат бариерите на кои наидувам секојдневно. Не нервира кога ми е оневозможено да одам некаде, кога нема огради ниту транспортни средства за мене, па моите родители мораат да ме носат. Моите родители сега ми помагаат, но сакам да бидам независен. Сигурно има многу, многу деца кои го делат истото мислење. Сакам да им порачам да бидат упорни и никогаш да не се откажуваат од своите соништа. Мора да ги уриваат бариерите пред нив и да прават добри работи кои за жал се повеќе недостасуваат. А за возрасните сакам да им кажам дека мора да се почитуваат правата на децата и да ги симнат бариерите: Да се стави крај на дискриминацијата“, порача Јане Велковски.

 

https://www.facebook.com/UNWebTV/videos/446320386299285/