Јанева ќе го достави извештајот во Собрание, а пратениците ќе го разгледаат кога ќе се соберат

Сподели

Специјалното јавно обвинителство ќе го достави новиот шестмесечен извештај за неговата работа до службите на Собранието на Република Македонија, а пратениците ќе го разгледуваат кога ќе се соберат и ќе го заокружат конституирањето на законодавниот дом, велат за „Мета“ од СЈО.

Освен до Собранието, според законот, СЈО треба да го достави извештајот и до Советот на јавни обвинители.

Од своето формирање на 15 септември 2015 година, ова е трет шестмесечен извештај на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Во септември минатата година, при презентацијата на вториот извештај во Собранието, Јанева беше жестоко напаѓана од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, поради што специјалната јавна обвинителка, по неколку седници, ја напушти расправата на Комисијата за политички системи и односи меѓу заедниците и ги обвини пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за мобинг.

meta.mk