ЈАНЕВА: СЈО ја исполни мисијата за која е формирано и продолжува да работи во борбата против криминалот

Сподели

-“Специјалното јавно обвинителство ја исполни мисијата за која е формирано и продолжува да работи континуирано во борбата против криминалот, оцени специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во емисијата „Правдва, неправда“ на 1ТВ.

-Се надевам дека законот со кој ќе се продолжи работата на СЈО, со кој ќе се прошири надлежноста на СЈО и со кој ќе се премости членот 22, ќе се случи набргу и дека брзо ќе се реши како Предлог-закон во комисијата во која работиме, ќе се подонесе до Владата и ќе се изгласа во Собранието и врз основа на тој закон тогаш ќе се постапи и ќе се донесе јавно обвинителска одлука по тие осум предмети што се во истражна постапка- рече Јанева. Додаде дека СЈО покрај разговорите што и ги има дадено поранешната опозиција, има и многу материјални докази со кои се докажува основаното сомневање на осомничените дека го сториле кривичното дело за кое се обвинети.

Катица Јанева, во емисијата „Правдва, неправда“ на 1ТВ.