Јаневски: Граѓаните слободно да патуваат во земјите за кои нема препорака од Владата да не се патува

Сподели

 

Во Агенција за Промоција и Поддршка на Туризмот АППТ, денеска беше формирано координативно тело во кое членуваат претставници од коморите, асоцијациите и здруженијата за туризам, претставници од Министерството за економија и Агенцијата. Истото ќе ја следи состојбата со коронавирусот и соодветно ќе реагира, зависно од текот на случувањата. Телото ќе заседава еднаш неделно и веднаш ќе ја информира јавноста за секоја одлука што ќе биде донесена.

“Се надевам дека состојбата ќе се релативизира. Граѓаните да не ја подигнуваат тензијата на повисоко ниво од она што е. Слободно да патуваат во земјава и во земјите за кои нема препорака од Владата да не се патува. Сметам дека сé повеќе патувањата ќе се ограничуваат на помали дистанци и сѐ повеќе ќе се вртиме кон домашниот и регионалниот пазар. Ние продолжуваме онлајн да ја рекламираме земјава во Европа. Во овој момент разговараме и со голем број тур-оператори кои уште немаат откажување на аранжамните во Северна Македонија “– истакна Љупчо Јаневски