Јанушев: Почнуваме со ажурирање на членството

Сподели

 

Јанушев изјави дека ЦК на партијата донел одлука за спроведување на ажурирање на членството во партијата. Ажурирањето ќе започне на први декември и ќе трае 3 месеци.

-Ги повикувам сите членови кои ги споделуваат ставовите и политиките на ВМРО-ДПМНЕ да ги ажурираат своите податоци во општинските комитети и да потврдат членството.

Јанушев најави дека партијата има нови членски книшки со модерен изглед.

-ВМРО-ДПМНЕ останува со народот и ќе работи за народот. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка сила која ќе ја порази оваа неспособна власт. Затоа ги отвораме вратите за способните, мотивираните и оние кои сакаат да дадат свој придонес за рушењето на оваа власт и нормализирање и градење на оваа држава. Македонија мора да ја изградиме во нормална, напредна земја на сите граѓани.

 

https://www.facebook.com/i.janusev/videos/198082167801974/