Денека јапонската Влада соопшти дека го замрзнува финансирањето на УНЕСКО, во знак на протест поради решението на Организацијата да вклучи документи за масакрот во кинескиот град Нанџинг од 1937 година, на Листата на светско културно наследство.
Одлуката да се замрзне јапонскиот придонес во буџетот на Организацијата е донесена по комплексната оценка на различни фактори, изјави на прес-конференција во Токио јапонскиот министер за надворешни работи Фумио Кишада.
На предлог на Кина лани на Листата на програмата за заштита на светското документирано наследство беа вклучени и архивните материјали за активностите на јапонската армија во 1937 година, по нападот врз Нанџинг, кој тогаш беше кинески главен град.
Токио го признава фактот за масовните репресии во Нанџинг, но смета дека за бројот на жртвите нема потврдени податоци и по прашањето има различни мислења.