Јилдирим: Не разбираме зошто САД не може да го испорача Ѓулен

Сподели

САД од нас постојано бара документи. Уште какви документи ви требаат откако загинаа 265 лица, бидејќи ги бомбардираа авиони и тенкови тргнаа на нив? Доказите се многу јасни. Имаме изјави кои зборуваат дека осомничените за обидот за државен удар наредбата ја добиле токму од тоа лице, изјави Јилдирим

thumbs_b_c_cc29d45930493a2fedb2ffb061506b45

ВАШИНГТОН (АА) – Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим во разговор за американскиот весник „Волстрит журнал“ изрази незадоволство од ставот на САД во врска со испорачувањето на Фетулах Ѓулен, водачот на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).

„САД од нас постојано бара документи. Уште какви документи ви требаат откако загинаа 265 лица, бидејќи ги бомбардираа авиони и тенкови тргнаа на нив? Доказите се многу јасни. Имаме изјави кои зборуваат дека осомничените за обидот за државен удар наредбата ја добиле токму од тоа лице”, изјави Јилдирим.

Тој истакна дека турскиот народ беше погоден од крвав обид за државен удар на 15 јули исто како и американскиот народ кога се случија нападите на 11 септември во 2011 година.

„Доказите се јасни. Знаеме дека оваа терористичката организација е одговорна за предавничките напади против нас и против турскиот народ”, изјави премиерот на Турција.

Тој додаде дека е тешко да се разбере зошто САД не може да ѝ го испорача Ѓулен на Турција.

„Тажни сме поради начинот на кој САД се занимава со ова прашање. Всушност, не можеме да сфатиме зошто САД не може да го испорача ова лице”, изјави Јилдирим.

На крајот уште еднаш истакна дека во САД се проследени документите во врска со барањето за апсење на Ѓулен.