Вести Свет

Канада: Бегалците во притвор 14 дена штрајкуваат со глад

Сподели:

Скот Мекдоналд, кој се води како портпарол на четворицата притворени бегалци, изјави дека штрајкот со глад ќе продолжи сѐ додека не им се обезбеди средба со министерот за јавна безбедност Ралф Годал.

thumbs_b_c_6d889c15c29aac58d06e4fcf56360fc1

ТОРОНТО (АА) – Близу 50 бегалци кои се наоѓаат во два различни оддела за притвор во прифатните центри за притвор во Онтарио, Канада, веќе 14 дена штрајкуваат со глад, јавува Anadolu Agency (AA).

Скот Мекдоналд, кој се води како портпарол на четворицата притворени бегалци, изјави дека штрајкот со глад ќе продолжи сѐ додека не им се обезбеди средба со министерот за јавна безбедност Ралф Годал.

„Колку што разбрав, овие луѓе се решени да штрајкуваат сѐ додека не се состанат со министерот“, рече Мекдоналд. Според него, притворените бегалци побараа периодот за притвор да се ограничи на максимум 90 дена, а воедно побараа кон нив да се однесуваат човечно.

Мекдоналд изјави дека бегалците кои се во притвор во двата притворски оддела, не јадат ништо туку само пијат вода. Не е познато од кои земји доаѓаат, дали се бегалци или мигранти што ги кршат законите на Канада.

Сподели: