ЈО до Пендаровски: Не е време за напади на институциите

Сподели

 

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија укажува дека не е време за напади на институциите и нема да дозволи дискредитирање на обвинители и мешање во кривични постапки од страна на политичарите.

Изјавата на претседателот на Република Северна Македонија дека дава целосна поддршка на обвинителството и дека ќе ги употреби сите уставни и законски овластувања за да го заштити од притисоци ќе беше реална, доколку повикаше пратениците да го изгласаат Законот за јавното обвинителство и доколку дадеше поддршка за зајакнување на капацитетите на обвинителството за поефикасна борба против криминалот и владеење на правото.

ЈОРСМ ја уверува јавноста дека за посочениот предмет, се постапува неселективно и навремено, според утврден план на истрагата и дека сите инволвирани во кривични дела ќе бидат сослушани или испитани и ќе одговараат согласно законот. ЈОРСМ уште еднаш потенцира дека подлегнувањето на политички притисоци и мешање во работата на обвинителството, штетно влијае врз текот и успешноста на истражната постапка и врз обезбедување на доказите – се наведува во денешното соопштение на ЈОРСМ.