Јавното обвинителство денеска побара продолжување на притворот на обвинителката Катица Јанева за уште 30 дена.
На Јанева во петок и истекува 30-дневниот притвор кој и беше доделен откако беше прогласена за третоосомничена во случајот „Рекет“.
До сега притворот на Јанева беше под сите три основи, опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото.
Обвинителството бара да и се продолжи притворот по првите две основи, а не и за повторување на делото, бидејќи веќе е разрешена од функцијата.