ЈП „Градски паркинг“: Утре зонските паркиралишта ќе бидат бесплатни

Сподели

 

На Денот на востанието на Македонија, 11 Октомври, вторник, на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје нема да се врши наплата, освен на паркинг зона А0 Водно, информираат од ЈП „Градски паркинг“.

Со редовна работа и наплата ќе работат двете катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница и клинички центар Мајка Тереза.

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје на сите граѓани им го честита Денот на востанието на Македонија, 11 Октомври.