На нашата Кате конечно и се насмевна среќата. Пред речиси една година беше донесена во нашето прифатилиште откако преплашена влегла во Zoo Skopje.
Кате некогаш била домашен миленик и затоа по третманот ја задржавме во прифатилиштето и никогаш не прекинавме да веруваме дека ќе и најдеме дом. Упорноста се исплатеше.
Овој пат нашите херои повторно се вратија да вдомат куче од Лајка. Минатата година ја вдомија Снешка, а денес си ја вдомија и Кате. ЈП Лајака им посакува многу среќа, весело секојдневие и бескрајно убави мигови со новиот член на семејството.
Потсетуваме дека продолжува кампањата „вдоми куче, водми љубов“, сите заинтересирани потребно е да испратат маил на vodmi@lajka.com.mk.