ЈП Улици и патишта Скопје во целост ги демантира невистинитите информации кои денес беа објавени од страна на порталот Skopje.info.mk под наслов „Данела должи и во „Улици и патишта“, тие се закануваат дека ќе прекинат со работа“.
Екипите кои ја одржуваат сообраќајната сигнализација на градските сообраќајници работат со нормален тек, а во изминативе денови дури и со зголемен обем на работа. Средствата за плата во претпријатието се добиваат навремено и не постојат причини, мотив, ниту пак има иницијативи за прекин на работата од страна на вработените во претпријатието.
Апелираме, во иднина информациите кои ќе бидат објавувани во јавност да бидат проверени и издржани од страна на медиумот, а не да се пласираат невистини со кои може, да се наштети на ЈП Улици и патишта Скопје, во иднина се надеваме на професионален однос од страна на наведениот портал, соопштуваат од ЈП Улици и патишта.