Сите граѓани, корисници на јавниот превоз да се придржуваат на препораките за заштита од Ковид – 19 при користење на превозот, односно во автобус да носат заштитна маска, апелираат од ЈСП.
Единствено, со одговорно однесување на секој поединец, а имајќи во предвид дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот.
Очекуваме дека нашиот апел ќе биде добронамерно прифатен и применет во интерес на колективното здравје.