ЈСП го раскина договорот за превоз со „МАКЕКСПРЕС“

Сподели

 

Јавното Сообраќајно Претпријатие – ЈСП Скопје, денес го раскина договорот со приватниот превозник „МАКЕКСПРЕС“, а линиите на кои сообраќаа приватните автобуси, отсега ќе бидат заменети со автобуси на ЈСП Скопје со што транспортот на патници ќе продолжи непречено.

Причина за раскинувањето на договорот со приватниот превозник „МАКЕКСПРЕС“ е непочитување на обврските од договорот во кои се уредуваат условите за начинот на јавен превоз.

Со жалење мораме да констатираме дека „МАКЕКСПРЕС“ до моментот на раскинување на договорот не успеа да обезбеди модернизирани автобуси со соодветни еколошки стандарди, основно ниво на хигиена во автобусите и редовност без доцнење на автобуските постојки.

Сите овие поплаки се истакнати од граѓаните, со што во целост се нарушува и имиџот на јавниот превоз во главниот град.

Уште еднаш потенцираме, транспортот на патници на линиите кои досега ги сервисираше „МАКЕКСПРЕС“ ги превзема ЈСП Скопје со сопствени автобуси.