Ниту на еден граѓанин не му е ускратено правото за јавен градски превоз. Јавното сообраќајно претпријатие Скопје е јавен сервис кој обезбедува градски превоз за сите граѓани и никогаш немало дискриминација. Нема никаква поинаква одлука од онаа донесена пред две години, каде се овозможува лицата со попреченост кои имаат куче сервис, да може да го користат јавниот превоз, информираат од ЈСП.
ЈСП во соработка со Град Скопје веќе започна сеопфатна програма за подобрување на условите за превоз во јавниот сообраќај за лицата со попреченост, преку поставување ниски платформи за лица со попречености, со што јавниот превоз би станал подостапен за истите.
Како јавно претпријатие отворени сме за средба со Александар Велески, за да ги презентираме нашите планови кои вклучуваат подостапен јавен превоз за лицата со попреченост.
ЈСП Скопје и новата градска администрација веќе работат на промените кои ќе донесат подобро за скопјани преку јавен градски прево,з што во вистинска смисла значи превоз за сите граѓани.