Поради државниот празник 8 Септември – Ден на независноста, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а дежурни ќе бидат три билетарници, информираат од ЈСП.
Од 7 до 13.30 часот ќе работат билетарниците на Зелен пазар, Транспортен центар и билетарницата во Ѓорче Петров.
Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.