ЈСП: Од утре повторно важат бесплатните студентски билети

Сподели

 

ЈСП Скопје информира дека од утре, (19 мај) продолжуваат да важат бесплатните годишни студентски билети за користење на јавниот превоз.

Оттаму посочуваат дека и натаму, нема да важат бесплатните средношколски билети и бесплатниот превоз за возрасни лица.

„За сите измени, корисниците на посочениот тип билети ќе бидат навремено известени“, стои во соопштението на ЈСП.

Бесплатните годишни билети за студенти, средношколци и пензионери се укинаа на почетокот на март поради состојбата со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот.