Јубилејно 10 издание на Конференцијата за социјален активизам ENGAGE

Сподели

 

Оваа сабота, 29 мај, на платото на Музејот на современа уметност, со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи десетото јубилејно издание на Конференцијата за социјален активизам ENGAGE. Десетта година по ред ENGAGE ќе обезбеди платформа за собир на домашни и странски активисти, поединци и заедници кои се залагаат за општествени промени.

Јубилејното издание на Конференцијата ќе понуди место за дискусија, иновација, креативност, зајакнување и развој во нашето општество и отвора дебата за статусот на слободата, правдата и еднаквоста, човековите права, младинските прашања и развојот на модерната демократија.

 

 

На ENGAGE 2021 виртуелно ќе учествуваат интернационалните говорници: Гитанџали Рао, иноватор и научник – САД; DJ Switch, активистка и диџејка – Нигерија; Вандита Морарка, квир активистка и адвокат за човекови права – Индија; Јигит Гоктуг Торун, активист – Турција и  Влад Илич, актер и комичар – Велика Британија.

Публиката ќе има можност во живо да ги слушне и приказните на домашните учесници: Борче Стаменов – иницијатива „Донирај компјутер“; Александра Манолчева и Дина Дамјановиќ – Ways2Help; Стефан Алексиќ –  „Challenger“; Петар Антевски – „Пресврт“ и Денис Јанкуловски Космонаутко.