Јужна Кореја ја обвинува Северна Кореја за хакерски напад

Сподели

Во месеците јануари и јуни бил спроведен „лов на лозинки“. Меѓу жртвите биле службени лица од министерства, новинари и експерти кои работеле на операции во врска со Северна Кореја

thumbs_b_c_c83bf985bcc37fdbd7a025a934328e34

СЕУЛ (АА) – Јужна Кореја ја обвинува Северна Кореја за хакерски напади на е-поштата на службените лица од Јужна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).

Во веста од Јонхап, новинската агенција на Јужна Кореја, до Јавното обвинителство во Сеул, се тврди дека раководството на Пјонгјанг за цел ја земала е-поштата на 90 службени лица во Сеул.

Веста вели дека преку испратена е-пошта од лажни интернет-сајтови било барано од службените лица да ги ресетираат своите лозинки, па на тој начин биле украдени лозинките на 56 адреси на е-пошта.

Во месеците јануари и јуни бил спроведен „лов на лозинки“. Меѓу жртвите биле службени лица од министерства, новинари и експерти кои работеле на операции во врска со Северна Кореја.

Обвинителите пренесоа дека хакерите отвориле 27 лажни интернет-сајтови и на тој начин ја спровеле својата акција.

Северна Кореја со овој хакерски напад ја заземала интернет-мрежата што ја користеле телекомуникацискиот гигант на Јужна Кореја, Групацијата СК, како и 160 компании и јавни институции поврзани со една од најголемите фирми на државата, групацијата Ханжин.

Во хакерскиот напад се избришани и 42 илјади документи, меѓу кои и воени документи. Северна Кореја го започнала кибер-нападот во 2014 година, а тој за цел ги имал Групацијата СК и Групацијата Ханжи во Јужна Кореја.

Во последните години имаше тврдења дека Северна Кореја спровела повеќе кибер-напади против Јужна Кореја и САД, но Северна Кореја ги негираше тие тврдења.

Во извештајот што го подготви Министерството за одбрана на Јужна Кореја се брани тврдењето дека Северна Кореја има 6 илјади „кибер-војници“ и нив ги определила на психички и материјален план да ја парализираат Јужна Кореја.

Во хакерскиот напад што беше спроведен во Јужна Кореја, во 2013 година, хакерите пристапиле до информациите на повеќе од 100 илјади лица, кои биле регистрирани на официјалните интернет-сајтови.