Како да го победите хроничниот замор

Сподели

Многу од нас често чувствуваат замор и исцрпеност, а докторите оваа состојба ја прогласија за најчест здравствен проблем на кој пациентите се жалат. За среќа постојат голем број трикови кои можат да ни се најдат во борбата со хроничниот замор.

 

umor

1. Заморот победете го со храна

Имајте квалитетен појадок и пет мали оброци во текот на денот, наместо три големи. Обидете се да ја ограничите големината на оброкот на најмногу 300 калории. Тоа ќе го задржи вашето ниво на шеќер во крвта стабилно и енергијата нема нагло да ви падне.

Намалете го внесот на јаглехидрати и масна храна, а јадете повеќе намирници богати со влакна како што се житарици и овошје.

2. Не заборавајте ги додатоците во исхраната

Ако правилната исхрана не успее да ви помогне, тоа може да значи дека не внесувате доволно витамини и минерали, па слободно посегнете по додатоците во исхраната.

3. Вежбајте

Вежбањето е еден од најфункционалните начини за справување со заморот. Ако во текот на денот вежбате барем 30 минути верувајте ќе бидете поодморени. Вежбањето ни дава енергија и полесно ќе спиеме.

adrenalni-umor

4. Спијте доволно

Секогаш легнете да спиете во исто време, дури и за викенд бидејќи така вашето тело ќе стекне рутина и нема да доживува шок кој може да се случи ако неколку пати во неделата спиете помалку.

5. Брзи трикови против замор

Пијте вода во текот на цел ден. Барем осум чаши и не чекајте да ожедните бидејќи тогаш сте веќе дехидрирани. Дури и најмалата дехидрација може да резултира за замор.

Пијалаците кои содржат кофеин сведете ги на минимум. Тие пијалаци ќе ви дадат брза доза на енергија, но потоа таа брзо ќе падне и ќе бидете уште поизморени.

Исто така намалете ја количината на алкохол која ја консумирате бидејќи тој го подигнува шеќерот во крвта и нагло се спушта. Ако следите барем некои од овие трикови, заморот сигурно ќе се намали.