Како Надал го турна Новак во се поголема криза по освојувањето на Ролан Гарос!?

Сподели

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го освои Ролан Гарос по 14-ти пат со победата во финалето над Каспер Руд со 6:3, 6:3, 6:0 и така направи големи промени на АТП ранг листата.

АТП листата нема да претрпи големи промени денеска, ден по финалето, бидејќи од лани ќе бидат одземени само 13 бодови.

Сепак, сега на сите им е јасно дека нов прв играч повторно ќе биде Данил Медведев, додека на второто место ќе биде Александар Зверев.

Третото место ќе го заземе Рафаел Надал, а дури четврти ќе биде Новак Џоковиќ.

Српскиот тенисер од почетокот на 2020 година речиси без прекин е на врвот на АТП листата, па ова ќе биде неговиот најлош пласман по долго, долго време.

Џоковиќ од почетокот на годината не можеше да се натпреварува за дури 4.000 АТП поени (Австралија опен, Индијан Велс и Мајами).

Ниту на Вимблдон нема да може да одбрани 2.000 поени бидејќи се очекува одлуката на АТП да остане на сила и играчите нема да освојат поени на овој турнир.

Сето тоа му создаде проблем на Џоковиќ, а неговите ривали успеаја да ја искористат шансата што им се укажа.

The post Како Надал го турна Новак во се поголема криза по освојувањето на Ролан Гарос!? appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico