Како се распаѓаше ВМРО-ДПМНЕ – Џабир Дерала

Сподели

 

Џабир Дерала

Долг беше патот на Законот за јавно обвинителство. Цела една институција беше урната на тој пат, под жестокиот оган од политичкото и криминалното подземје во и надвор од земјава. Криминалците удрија и таму каде што најмногу боли, каде што имаше најмногу надеж – СЈО. Сепак, процесот продолжи.

 

Цела една година траеше ова мачно измачување, време во кое легалистите се бореа против гангстерите чија единствена цел беше да обезбедат неказнивост за криминалот и насилството што траеше 11 години.

Целата партија беше жртвувана, уште еднаш (по којзнае кој пат), за да се издејствува исполнување на еден единствен услов – амнестија за криминалците. Нивната намера секој ден стануваше сѐ поочигледна.

***

Ги ангажираа сите, па и најглупавите онлајн насилници и будалетинки да блујат отров по социјалните мрежи, како да нема утре, како да немаат семејства и пријатели што се срамат од нив (освен ако и тие не се исти како нив). Вложија огромни пари и врски, за да ја уништат сопствената земја, само за да се извлечат од одговорноста за своето дивеење. Ја мобилизираа сета своја партиска пешадија и направија злокобен обрач околу себе. Не им беше грижа за ништо и за никого освен за сопствените криминални интереси. Ги жртвуваа луѓето околу себе, како топовско месо, да изгорат во битката против правната држава. Универзитетски професор(к)и се посрамотија како последни будали, бранејќи нешто што не се брани.

Но, сето тоа заврши. Неуспешно за криминалната клика, успешно за правната држава.

Колумната на Џабир Дерала за frontline.mk, во целост прочитајте ја тука.