Каменос со видео-спот му удри шлаканица на Ципрас пред гласањето во парламентот

Сподели

Со клип што го објави денеска партијата „Независни Грци“ промовирајќи го новото партиско лого и новите бори на партијата, коалицискиот партнер на владејачката СИРИЗА, оваа партија му порачува на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека нема да гласа за ратификација на Преспанскиот договор, пишува грчкиот весник „иЕфимерида“.

Во клипот во кој има само анимација со црвена линија и по некоја капка крв, се вели „Црвените линии се нашата гордост. Црвените линии ја пишуваат нашата историја. Црвените линии ги чествуваат нашите предци. Црвените линии се нашата независност и нашата сила. Независни Грци. Сега поодлучни од кога било претходно“.

Со клипот се промовираше новото лого на партијата, но и „разводот“ на Независни Грци од СИРИЗА на Ципрас, од којшто не двојат само денови или недели, пишува весникот.

Германската канцеларка Ангела Меркел утре ќе пристигне во Атина во дводневна посета на земјата, што во голем број грчки и европски медиуми се толкува како обид за притисок врз Грција за ратификација на Преспанскиот договор со кој треба да заврши еден од најдолгите спорови во Европа.

meta.mk