Камерон: Британскиот народ не треба да ѝ го сврти грбот на Европа

Сподели

„Искрено се надевам дека ќе го воспоставиме најдобриот можен однос во смисла на трговската соработка и безбедноста, бидејќи тоа е добро и за нас и за нив”

thumbs_b_c_dcb6132cced43b64836c5ff07d679b69

БРИСЕЛ (АА) – Британскиот премиер Дејвид Камерон изрази надеж дека преговорите за напуштање на ЕУ од страна на Велика Британија ќе бидат конструктивни, истакнувајќи дека британскиот народ „не мора да ѝ сврти грб на Европа”, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Овие земји се наши соседи, пријатели, сојузници и партнери”, рече Камерон по пристигнувањето на Самитот на ЕУ во Брисел, каде што пред европските лидери ќе поднесе извештај за исходот од референдумот на кој британските гласачи во четвртокот гласаа за излез од ЕУ.

„Искрено се надевам дека ќе го воспоставиме најдобриот можен однос во смисла на трговската соработка и безбедност, бидејќи тоа е добро и за нас и за нив”, рече британскиот премиер.

Британскиот премиер во петокот, неколку часа по објавувањето на резултатите од референдумот на кој Британците гласаа за излегување на нивната земја од ЕУ, најави дека ќе поднесе оставка која ќе стапи на сила во октомври, додавајќи дека постапката за напуштање на Унијата е најдобро да ја започне новата влада.

Европскиот парламент ја повика Велика Британија што побрзо да го започне процесот на напуштање на ЕУ.

„Волјата на народот треба целосно да се почитува, почнувајќи од активирањето на членот 50 што е можно поскоро”, се вели во Резолуцијата усвоена од страна на пратениците на Европскиот парламент на вонреден состанок.

За Резолуцијата гласаа 395 пратеници, против гласаа 200, додека 71 пратеник беше воздржан.