Камерон го одржа последниот состанок со Кабинетот

Сподели

576ce177c3618834398b4592

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска за последен пат претседаваше со составот на Кабинетот, еден ден пред да и ја предаде функцијата на досегашната министерка за внатрешни работи, Тереза Меј.

Министрите се собраа на последниот проштален состанок, откако беше потврдено дека Меј доаѓа на чело на владејачката пратија, а со тоа го наследува и Камерон на чело на владата.

Истовремено, камион за селење пристигна на Дауинг стрит, од каде Камерон утре ќе се исели.

Министерот за култура, Џон Витингдејл рече дека состанокот минал тажно, а Меј и министерот за финансии Џорџ Озборн му оддале признание на Камерон.

Камерон, кој се залагаше за останување во ЕУ, поднесе оставка откако Британците на 23 јуни се изјаснија за излез од Унијата.
Новата премиерка ќе мора да се соочи со политичките последици од одлуката на Британците и да го надгледува сложениот процес на излегување од ЕУ.

Меј денеска ќе го разгледува составот на својот Кабинет, пред да се пресели на Даунинг Стрит број 10. Во меѓувреме, британските медиуми се фокусираат на прашањето дали Озборн ќе остане министер за финансии. Дел од нив тврдат дека Меј ќе го остави на истата позиција затоа што тој ужива голема доверба кај банките и на пазарот. Сепак, другите медиуми тврдат дека на оваа важна позиција треба да му припадне на некој кој се залагал за излез од ЕУ.

Меј се залагаше за останување во ЕУ, но вети дека на истакнатите борци за излез на Британија од ЕУ ќе им ги додели клучните улоги во Кабинетот. Со ваквиот чекор таа ќе се обиде да стави крај на раздорот во партијата поради Европа.

Меј веќе е под притисок на 27 членки на ЕУ да го активира член 50 од Лисабонскиот договор, со кој почнуваат формалните преговори за излез. Сепак, таа се уште нема соопштено кога планира тоа да го направи.

meta.mk