Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис откако се најде под жесток притисок за предлогот околу името на солунскиот аеродром „Македонија“, доби поддршка од својот атински колега Јоргос Каминис, кој го опиша како „вистински патриот“.
„Патриотизам е да се служи во интерес на граѓаните со реализам. Јанис Бутарис е вистински патриот“, објави Каминис на Твитер во однос на 27. годишниот спор меѓу Грција и Македонија.
Бутарис, на почетокот на неделава, се најде на остра критика по предлогот дека Солун би требало да размисли околу преименување на аеродромот „Македонија“ по познатиот грчки кошаркар Никос Галис, даден во контекст на преговорите меѓу Грција и Скопје за решавање на спорот за името.
Вчера, група од околу 70 лица, според солунските медиуми, се собраa пред зградата на општина Солун и побара оставка од солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис, по неговите изјави за евентуални преименувања на аеродромот и автобуската станица во Солун.
Како што јавува дописникот на МИА од Атина, насобраните граѓани, со грчки знамиња во рацете, извикуваа: „Дај си оставка“; „Да одиш во Скопје да бидеш градоначалник“; „Предавник“, а во потпишана резолуција што беше доставена до заменикот градоначалник на Солун, бараат од Бутарис, јавно да се извини и да си даде оставка, бидејќи неговите изјави „ги навредиле солунчани“.