Кампања „Биди чудо од девојка“ и отворен конкурс за стрип

Сподели

Проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Mакедонија“ спроведен од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Stella Network, со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје (British Embassy Skopje), носи свежа енергија во борбата за родова еднаквост. Со цел да ги отстрани пречките и стереотипите, овој проект ги отвора вратите за девојчињата и младите жени кон нови предизвици и успеси.

Клучните активности се прилагодени за да инспирираат и мотивираат. Програмите за менторство и кариерен развој, како и кампањата „Биди чудо од девојка“, обезбедуваат насоки и поддршка на секој чекор од патот. Интересни и иновативни акции, како играта „Во туѓи чевли“, го зголемуваат разбирањето за родовите стереотипи преку креативни методи.

Проектот исто така вклучува анализи на социоекономските предизвици, обуки за креирање политики, локални иницијативи предводени од млади девојки, работилници, организирање јавни настани и многу друго. Програмите за практикантска работа и волонтирање, како и развојот на мобилна апликација за практикантски можности, отвораат пат кон професионалниот успех.Со овие активности, проектот создава општество каде што девојчињата и младите жени можат да го остварат својот потенцијал во целост. За повеќе информации за проектот и активностите на НМСМ и Мрежата Стела, посетете ги nms.org.mk, stella.mk и mladihub.mk.

Напиши го твоето чудо на tvoetochudo.mk и испирирај ги девојките и младите жени низ целата земја секојдневно да ги препознаваат и гордеат со своите чуда!

Мрежа Стела и НМСМ ги повикуваат стрип автор(к)ите и илустратор(к)ите да учествуваат на наградниот конкурс за стрип „Кое е твоето чудо?!”.

– Дали сте посветена стрипаџика/ја или илустратор/ка?

– Дали сте подготвени да разгорите дискусија за родовата еднаквост преку своето уметничко дело?

– Дали верувате во силата на визуелната приказна која може да поттикне позитивни општествени промени

Ако е така, Ве покануваме да учествувате во отворениот повик, посветен на темата за родовата еднаквост.

Овој конкурс има за цел да опфати различни аспекти од борбата за родовата еднаквост. Уметничките дела треба да поттикнат теми кои ќе придонесат кон подобро општество, ќе ги разбијат стереотипите и ќе внесат позитивни промени. Било преку лични приказни, општествени размислувања или имагинативни наративи, ги охрабруваме стрип-автор(к)ите да се нурнат длабоко во темата и да ги изразат своите уникатни перспективи.

Наградниот фонд изнесува 85.000 денари

Целосните информации и детали околу конкурсот можете да го најдете на овој линк или на https://mladihub.mk/Default