Кампања на американски медиуми против Трамп за промовирање на слободата на медиумите

Сподели

Повеќе од 300 медиуми во САД  започнаа кампања насочена против нападите од претседателот Доналд Трамп и за промовирање на слободата на медиумите.

Весникот „Бостон глоуб“ минатата недела го објави повикот за национална кампања против како што се нарекува „Валканата војна” на претседателот против медиумите кој често медиумските извештаи ги нарекувал „лажни вести”. Според експертите на ОН, ова го зголемува ризикот од насилство врз новинарите. „Бостон глоуб“ најави дека на 16 август ќе објави уводник „за опасностите од нападот на администрацијата врз медиумите” и ги замоли другите да го сторат истото.

Првично позитивно одговорија околу 100 медиумски куќи, а со приклучувањето на големите национални весници во САД и на помалите локални, нивниот број достигнаа до 350. Солидарност со американските медиуми изрази и британскиот весник „Гардијан“, кој во својот коментар оценува дека Трамп е првиот претседател кој „води смислена и конзистентна политика на поткопување, делигитимирање, па дури и загрозување на работата на медиумите“.