ЈП Лајка започнува со една поинаква кампања со која сакаат да дадат видливост на кучињата кои подолго време престојуваат во нивното прифатилиште, заборавените, оние кои најчесто се одминувани.
“Нашата Кампања не познава раса, старост и пол, туку најдобар пријател, придружник и сопатник.
ЈП Лајка заедно со Борче Начев, Нала и M&M Pets hotel ги руши стереотипите затоа што знаеме дека секое едно куче може да биде најдобар миленик на свој начин и заедно го промовираме вдомувањето како хуман, одговорен и сочуствителен избор.
Нашите кандидати за вдомување можете да ги најдете на следниот линк
https://drive.google.com/drive/folders/138-H29HdqqtEmg5JHYr8mgPd_3_91I1x?usp=sharing
Имаме повеќе од 40 кучиња, секое уникатно на свој начин и без исклучок со огромна желба за љубов и дом.
Заедно со вашата помош во наредниот период да се посветиме да ја испразниме Лајка.
Заедно со вас да им помогнеме на овие кучиња да го најдат човекот што трпеливо го чекаат со месеци, години и да го наречат свој!”