Канада ќе прими 300 илјади имигранти во 2017 година

Сподели

kanada-520x390

Канадските власти во понеделникот објавија дека ќе дозвoлат 300 илјади имигранти да се населат во земјата во 2017 година, со што ќе ја постигнат целта која ја поставија годинава, како начин да се развие економијата во државата преку вработување на нови жители.

Владата вели дека од 300 илјади, мнозинството имигранти ќе бидат примени и регистрирани како економски имигранти.

Министерот за имиграција, Џон МекКалум, за новинарите рекол дека бројката од 300 илјади имигранти е основа за понатамошен економски развој.

„Верувам дека е вистина дека повеќе имигранти во Канада е добра политика од демографски причини“, вели МекКалум. Како и многу други развиени земји, Канада има возрасно население, што претставува проблем за економскиот развој.

Совет за економија, предводен од министерот за финансии на Канада, Бил Морно, неодамна препорача Канада да го зголеми годишниот број на имигранти на 450 илјади во наредните пет години, со цел да привлече талентирани работници да се вработат во канадските компании.

„Тој број е возможен за блиската иднина, но дефинитивно не за 2017 година“, вели МекКалум, кој вели дека се согалсува со препораките.

Според планот за наредната година, бројот на имигранти кои имаат дозвола да живеат во Канада под категоријата економски имигранти, ќе порасне од 172500 до 160600 оваа година, велат од владата. Бројот на бегалци ќе опадне на 40000 од 55800.

Канада има население од 35 милиони.