Канческа-Милевска: Горда сум на она што го направив за унапредување на културата во Македонија (A1 ВИДЕО)

Сподели

Горда сум на она што успеав да го направам во насока на унапредување на културата во нашата држава, во насока на промоција на сето она што го имаме како култура, како уметност. Во изминатиот период во таа насока работев многу, изјави екс министерката Елизабета Канческа Милевска по одржување на јавната седница во Апелациониот суд каде се разгледуваа жалбите на обвинетите и СЈО.

-Изненадена сум од мерките кои што се приложени од страна на Специјалното јавно обвинителство бидејќи не постои ниту најмала причина кој што води во насока на попречување на самата постапка бидејќи секогаш уредно сум се јавувала на поканите на СЈО и секогаш престваниците од обвинителството биле примени во мојот кабинет, вели Канческа Милевска, додавајќи дека верува во правниот систем на Република Македонија и се надева дека одлуката ќе биде во нејзина корист.

Во врска со укинувањето на титулата национален уметник, Канческа Милевска изјави дека негативностите од оваа одлука за многу брзо ќе се осетат. Според неа, идејата за оваа титула била благородна, односно финансирање на одредени уметници за да можат да учествуваат на меѓународни настани.

a1on.mk