Кандидатот на Ердоган го призна поразот на изборите за градоначалник на Истанбул

Сподели

На повторните избори за градоначалник на Истанбул, опозиционерот Екрем Имамоглу од Републиканската народна партија убедливо го победи Бинали Јилдирим од АКП.

Кандидатот на главната опозициска партија – Имамоглу, победи на изборите во март, но тие беа поништени откако владејачката партија се пожали на неправилности.

Кандидатот на владејачката партија Бинали Јилдирим го призна поразот и му честиташе на ново избраниот градоначалник Екрем Имамоглу.

Имамоглу вети „нов почеток“ во Истанбул и изрази подготвеност за соработка со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Резултатите од гласањето се сметаат за силен пораз за претседателот Реџеп Таип Ердоган.