Канцелариите за врски во Атина и Скопје се подигаат на ниво на амбасади

Сподели

 

„Министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Хеленската Република, денеска разменија ноти, со кои, согласно членот 10 од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, се подига нивото на Канцеларијата за врски во Атина на ниво на амбасада на Република Северна Македонија, Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Солун на ниво на Генерален конзулат, а истовремено, Канцеларијата за врски во Скопје се подига на ниво на амбасада на Хеленската Република, Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат“, се вели во соопштението на МНР.