Катастрофални поплави во Германија – загинати 4 лица

фејсбук
Сподели

 

Големо невреме предизвика хаос во Германија. Во местото Шулд во Рајнланд-Пфалц поради поплави се урнале шест куќи, во Арвајлер луѓето се спасувани од покривите, загинаа четири лица, како и двајца пожарникари, пренесува Дојче веле.

Невремето и обилните дождови посебно ги погодија покраините Северна Рајна Вестфалија, Рајнланд-Пфалц, но и Баден Виртемберг, Баварија и Саксонија. Улиците во повеќе населени места се под вода, што на места целосно ја оневозможува интервецијата на екипите на противпожарната служба и на службите за медицинска помош. Од поплавите се заканува уривање на повеќе куќи, некаде водата е стигната до покривите. Во општината Арвајлер е прогласена вонредна состојба поради природна непогода, повеќе населби се отсечени од светот, се јавува за четири жртви. Повеќе лица се водат за исчезнати, се споменува за 30, но точниот број не се знае. При акции за спасување во округот Меркиш смртно настрадале и двајца пожарникари.