Во 11 часот, во новите простории на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), специјалната обвинителка Катица Јанева ќе одржи прес-конференција на која ќе биде презентиран шестмесечниот извештај на ова обвинителство, соопштија од СЈО.
Во соопштението на СЈО е наведено дека обвинителите ќе одговорат на сите прашања за кои новинарите пројавиле интерес во изминатиот период.
Обвинителката ќе треба извештајот да го достави и до Собранието, но сè уште не се знае дали таа ќе го презентира пред пратениците.
В петок, обвинителите од СЈО ќе треба да присуствуваат и на рочиштето за случајот „Пуч“, во кој меѓу обвинетите се лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски.