Кацарска до Марковиќ: Сочувство лично Вам и на семејствата на жртвите

Сподели

 

По повод немилите случувања во Република Србија, претседателката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Добрила Кацарска денеска упати писмо со сочуство до претседателката на Уставниот суд на Србија, Снежана Марковиќ.

“Со огромна тага ја примив веста за немилите настани што се случија во Србија.

Во мое лично име и во име на Уставниот суд на РС Македонија, сакам да ви изразам сочувство лично Вам и на семејствата на жртвите.

Нашите мисли се со вас во овој тежок период”, напиша Добрила Кацарска.