23 септември (сабота) во 17:00 часот, во Парк на франкофонија, „Кажи со раце“ – интерактивен младински настан за одбележување на Меѓународниот ден на знаковниот јазик!
Младински образовен форум и Здружението на глуви и наглуви „Млад знак“ ве покануваат на „Кажи со раце“ – интерактивен младински настан за одбележување на Меѓународниот ден на знаковниот јазик!
Настанот ќе се одржи на 23 септември 2023 година (сабота), во 17:00 часот, во Паркот на франкофонија во Скопје, пред Мобилната галерија.
Дојди и помогни ни да ја истакнеме убавината на македонскиот знаковен јазик, да ги срушиме бариерите во комуникацијата на знаковен јазик, да ја промовираме моќта на раскажувањето приказни и вклучувањето во активизам!
На настанот ќе ја совладаш азбуката на знаковен јазик, ќе научиш да се претставиш и споделиш интересни факти за тебе, и ќе се вклучиш во младинска уметничка акција.
Програма за настанот:
• Мојата приказна на знаковен јазик
Учествувај на работилница за запознавање со основите на знаковниот јазик – ќе научиш да се претставиш и да разговараш со своите врсници на македонски знаковен јазик.
Учествувај на работилница за запознавање со основите на знаковниот јазик – ќе научиш да се претставиш и да разговараш со своите врсници на македонски знаковен јазик.
• Младинска акција „Art Sign“
Вклучи се во креирањето на уметничко дело кое ќе ја носи пораката „Македонскиот знаковен јазик е единствениот јазик во државата кој не е стандардизиран!“. Ова дело ќе биде изложено на јавен простор, со цел да се подигне свеста од потребата за стандардизација на македонскиот знаковен јазик.
• Рацете се мојата азбука
На настанот ќе биде поставена изложба со азбуката на македонскиот знаковен јазик. Научи како да го спелуваш своето име и учествувај во креирањето видео материјали кои ќе се користат за промоција на македонскиот знаковен јазик.

Настанот се организира со поддршка од Активноста на @USAID North Macedonia @Youth Actively Create Opportunities.