Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на вчерашниот ден санкциониран е И.А. (68) од с. Чегране, Гостивар, кој со патничко возило се движел по Камениот мост во Скопје.
Изречени му се мерки поради движење спротивно на сообраќаен знак, паркирање во пешачка зона и истечена важност на сообраќајна дозвола, информираат од МВР.