Ќе има реизбор во судството, Груевски не се прашува!

Сподели

Граѓаните гласаа за промени и избраа Македонија да биде правна држава, а тоа подразбира темелни реформи во судскиот систем и реизбор во судството спроведен според најдобрите европски пракси.

Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не можат со ниту една лага и манипулација да го спасат сваровски судството. Секој кој работел противзаконски на штета на граѓаните ќе одговара пред независни судски органи. Груевски веќе не се прашува за ништо.

Очекуваме чесните и одговорни политичари и пратеници во опзициската ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат реформските процеси за европска Македонија, што подразбираат и независно судство и владеење на правото.