Кери: Гласањето во ОН беше поврзано и со дводржавното решение

Сподели

Американскиот државен секретар Џон Кери на конференцијата за медиуми во Вашингтон во врска со резолуцијата која во петок ја усвои Советот за безбедност на ОН, а со која од Израел се бара да ја запре изградбата и ширењето на окупираната палестинска територија, рече дека гласањето за ова прашање било поврзано и со идејата за дводржавно решение, јавува Anadolu Agency (AA).

„Гласањето во ОН беше поврзано и со дводржавно решение, ние подари тоа дадовме поддршка”, рече Кери, додавајќи дека дводржавното решение е единствениот начин да се постигне одржлив мир помеѓу Израелците и Палестинците.

Истакна исто така дека лидерите кои заговараат нови еврејски населби делуваат според првенствено идеолошки наредби.

„Лидерите кои заговараат нови населби делуваат според идеолошките наредби со кои во потполност игнорираат легитимни барања на Палестинците”, рече Кери.

Нагласи дека за гласањето за спомнатата резолуција во Советот за безбедност на ОН било во склад со американските вредности.

Потсетуваме, во петок Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата со која од Израел се бара да ја запре изградбата и ширењето на окупираната палестинска територија. Резолуцијата, која ја предложија Малезија, Нов Зеланд, Сенегал и Венецуела, усвоена е со 14 гласови за, додека САД беа воздржани.