Кери: „САД ќе го одржи ветувањето на Обама и ќе згрижи 10.000 сириски бегалци”

Сподели

„Со гордост можам да соопштам дека ќе го почитуваме ветувањето на претседателот Барак Обама и ќе згрижиме 10.000 сириски бегалци во САД во текот на оваа фискална година“

thumbs_b_c_9c788ddc5c436b6dc471bb0cf98d8d92

АНКАРА (АА) – Американскиот државен секретар Џон Кери најави дека САД ќе обезбедат дополнителни 439 милиони долари хуманитарна помош за цивилите во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Потсетувајќи дека САД досега издвои 5,1 милион долари хуманитарна помош за Сирија, Кери рече дека новата транша ќе биде насочена кон хуманитарни проекти во областа на образованието, здравството и достава на храна, како и други потреби за најзагрозените граѓани.

„Со гордост можам да го соопштам и тоа дека ќе го почитуваме ветувањето на претседателот Барак Обама и ќе згрижиме 10.000 сириски бегалци во САД во текот на оваа фискална година”, истакна Кери во своето обраќање на приемот што се одржа по повод Рамазан Бајрам.

Истакнувајќи дека САД е најголем донатор на хуманитарна помош во светот, Кери рече дека се потребни многу поголеми издвојувања со цел да им се помогне на сите оние на кои помошта им е неопходна.

„Ние треба да направиме многу повеќе за да им помогнеме на цивилите во Сирија и на оние што избегаа, но мора да направиме дури и повеќе за да ги поддржиме сириските соседи Либан, Јордан и Турција, кои примија голем број бегалци. Бруталните судири во Сирија мора да престанат бидејќи веќе чинеа многу човечки животи и донесоа голема несреќа”, заклучи Кери.