Американскиот државен секретар Џон Кери утре ќе ги посети Брисел и Лондон, по историскиот референдум во четвртокот на кој Британците одлучија да ја напуштат Европската Унија.
Се очекува Кери да упати пораки со поддршка од Соединетите Американски Држави до Лондон и до Брисел.
Тој во Брисел треба да има средба со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, а во Велика Британија е најавен состанок со шефот на британската дипломатија Филип Хамонд.