Кичевчанец опожарил ќелии во притворското одделение во Битола

Сподели

 

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против А.В.(20) од Кичево, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, казниво по член 288 од Кривичниот законик.

Имено, на 11.07.2023, во периодот од 19.00 до 19.20 часот, во Казнено-поправната установа Затвор Битола, пријавениот предизвикал пожар во ќелијата каде издржувал казна притвор, при што просторијата била опожарена, а биле оштетени и други простории во притворското одделение, информираат од МВР.