ПЕКИНГ (АА) – Администрацијата за цивилна авијација на Кина (CAAC) забрани внесување на мобилните телефони на „Самсунг“, „Галакси Ноут 7“ во авионите, на сите летови, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу земјите чии авиоокомпании од безбедносни причини го забраниле внесувањето на телефоните се наоѓа Кина, а претходно тоа го направија и САД, Турција, Црна Гора и Словенија.
Оние што ќе се обидат да ги внесат телефоните ќе бидат парично казнети, а телефоните ќе им бидат одземени.
Доколку патниците, членовите на екипажот или вработените на аеродромот се обидат да ги скријат телефоните во багажот, против нив ќе биде започната правна постапка, соопштено е од CAAC.
Авиокомпанијата CAAC ги повика своите вработени за време на купувањето билети и при контролата да ги предупредат патниците на забраната.
Споменатиот уред нема да може да биде пренесен ниту преку карго, а порталот „Чајна авиејшн дејли“ изјави дека забраната во Кина стапува на сила на 27 октомври.
Три авиокомпании од Хонг Конг, на 15 октомври забранија внесување на „Галакси Ноут 7“ во авионите.