Кина: Kомпаниите со притисок врз вработените да се венчаат

Сподели

Откако Сојузот на младите на Комунистичката партија на Кина (ЦПЦ), Младинската лига на комунистите соопшти дека ќе обезбеди поддршка за оние што сакаат да стапат во брак, многу компании почнуваат да вршат притисок врз своите вработени да започнат брачен живот, јавува Anadolu Agency (AA).

Весникот „Глобал тајмс“, кој е еден од официјалните медиуми на ЦПЦ, објави дека минатата недела Младинската лига соопштила дека преку медиумите ќе зборува за придобивките од бракот.

Голем број компании по оваа соопштение на Младинската лига започнаа активности со цел слободните вработени да ги поттикнат на брак.

Компаниите вршат притисок врз голем број вработени да присуствуваат на програмите за запознавање и избор на вистински партнер, кои се одржуваат во парковите и на стадионите, а за присуството да биде што поголемо, за тоа се води евиденција.

Од друга страна, многу луѓе кои не се во брак, преку социјалната платформа Weibo се жалат дека компаниите ги присилуваат на активности за запознавање и пронаоѓање на партнер за брак.

Бројот на невенчани луѓе во Кина во 2015 година изнесуваше околу 200 милиони, што официјалните лица го оценија како загрижувачки податок.

За зголемениот број на луѓе кои не се во брак, голема улога има образованието, процесот на вработување, сѐ помалку социјална средина и финансиските тешкотии.

На програмата за запознавање што во последниве години се одржуваше на стадионот во Анхуеј, учествуваа околу 10.000 вработени во компаниите, а веќе во првиот половина час, 15 луѓе се изјасниле дека го пронашле вистинскиот партнер.