„Кино на трева“ во МКЦ од 23 до 27 јули

Сподели

 

„Кино на трева“ е првото издание на бесплатни филмски вечери кои од утре 23. јули до 27. јули ќе ги организираат Младинскиот културен центар и кино „Милениум“ во паркот на МКЦ.  Ќе бидат прикажани пет филма во петте вечери, кои се во склоп на програмата на настанот „МКЦ за Скопје“.

23 јули
СТУДЕНА ВОЈНА 
COLD WAR
Времетраење / Runtime: 88’
Режија / Director: Paweł Pawlikowski
Улоги / Cast: Joana Kulig, Tomasz Kot, Agata Kulesza, Borys Szyc, Cèdric Kahn, Jeanne Balibar

Филмот зборува за страсната љубовна приказна помеѓу двајца луѓе, кои поради нивното различно потекло и карактери на прв поглед делуваат неспоиво, но сепак се судбински предодредени еден за друг. Сместен во времето на студената војна во педесеттите години на минатиот век во Полска, Берлин, Југославија и Париз, филмот опишува една невозможна љубов во невозможни времиња.

24 јули
ДОГМЕН 
DOGMAN
Времетраење / Runtime: 102’
Режија / Director: Matteo Garrone
Улоги / Cast: Marcello Fonte, Edoardo Pesce, Nunzia Schiano, Adamo Dionisi, Francesco Acquaroli, Alida Baldari Calabria, Gianluca Gobbi, Aniello Arena

Марчело, ситен и нежен професионален грумер на кучиња, ќе се најде вовлечен во опасна однос на потчинетост кон Симоне, поранешен боксер насилник, кој го тероризира целото соседство. Во обид да си го поврати достоинството, Марчело ќе се реши на неочекувано одмазничко дело.

25 јули
ЛОРО 
LORO
Времетраење / Runtime: 145′
Режија / Director: Paolo Sorentino
Улоги / Cast: Toni Servillo, Elena Sofia Ricci, Riccardo Scamarcio, Kasia Smutniak, Fabrizio Bentivoglio, Euridice Axen

Филм за животот на Силвио Берлускони. Сместен главно во неговата луксузна резиденција на Сардинија, филмот преку делумно фиктивни настани ни ги прикажува личноста на Берлускони, неговата политичка кариера, скандалите, односот со сопругата и неговото двозначно наследство. Насловот „Loro“ на италијански значи „Тие“, но исто така претставува и игра на зборови со l’oro што значи „злато“.

26 јули
Ослободување на Скопје / во склоп на програма МКЦ за Скопје

Времетраење / Runtime: 110’
Режија / Director: Rade Šerbedžija, Danilo Šerbedžija
Улоги / Cast: 
Rade Serbedzija, Mikko Nousiainen, Lucija Serbedzija, Silvija Stojanovska, Nebojsa Glogovac

Втора светска војна. Низ очите на 11 годишниот Зоран ги гледаме страдањата и хоророт на луѓето кои поминуваат низ војната. Додека неговиот татко е партизан кој се бори против германците, неговата мајка, Лица, започнува љубовна афера со германски офицер.

27 јули
ГРАНИЦА / BORDER

Времетраење / Runtime: 110’
Режија / Director: Ali Abbasi
Улоги / Cast: Eva Melander, Eero Milonoff, Jörgen Thorsson, Ann Petrén

Граничарката Тина има неверојатна способност да препознае криумчарење. Еден ден од траектот се симнува сомнителен човек, кој не може да го прочита. Кога нема да успее да дознае што крие, таа се опседнува со него и неговата вознемирувачка аура. Започнува истрага што ќе ѝ открие повеќе од очекувањата: наскоро ќе мора да се соочи со застрашувачката вистина за себеси и човештвото.

*Сите проекции почнуваат во 21 часот, освен проекцијата на 26 јули, која ќе започне по полноќ.

Ќе биде обезбеден превод на македонски јазик, на вас останува да си обезбедите место за седење со камперски столчиња или некое постаро ќебе за седење на трева, соопшти МКЦ.