Кинотека на Македонија,
НЕДЕЛА НА СОВРЕМЕН ДАНСКИ ФИЛМ, ПРИРОДНО РАСТРОЈСТВО –
(Naturens Uorden/Natural Disorder),
8. ноември, 20.00 ч.
Документарен филм, Данска, 2015, 98 мин, колор, ДСП
Режија: Кристијан Сондерби Јепсен (Christian Sønderby Jepsen)
ПРИРОДНО РАСТРОЈСТВО е документарец за новинарот и комичар Јакоб Носел, кој боледува од церебрална парализа. Режисерот и писателот Јепсен го документира процесот на поставката на автобиографската драма на Носел на сцената на данскиот Кралски театар.
Преиспитувајќи ја сопствената интима, Јакоб Носел се осврнува на научниот свет и модерните етички прашања за евгениката (наука за проучување и практикување на селективното размножување кое се применува на луѓето, со цел да се подобри видот, но во поширока смисла, евгениката се занимава и со подобрување на човековите генетски особености). Какво право на живот има Јакоб?
Влезот е бесплатен